И Макарска забрани „резервирање“ место на плажа со крпа
Овогодишните туристи во Макарска ќе наидат на малку поинакви правила на однесување на плажите. Макарскастанува новиот град на далматинскиот брег кој ќе воведе забрана за резервирање места на плажите.
Станува збор за, во Хрватска, многу популарен метод кој ги вклучува крпите, доцните ноќни или раните утрински часови и места на плажата, а сè за да се „резервира“ најдоброто место за уживање во морето и сонцето. Станува збор за популарниот начин на чување на омилените локации за наредниот ден или за времето по ручекот со едноставно оставање на крпата и на други лични предмети.
Веќе на следната седница пред макарското градско собрание ќе се најде предлог Одлука за комуналниот ред во кој стои дека на природните и средените плажи е забрането, по користењето на плажите, да се оставаат крпи, реквизити и други работи од лична намена. Сите такви работи ќе се сметаат за напуштени и ќе бидат отстранети.
Извор: Плусинфо.мк