Британските матуранти повеќе нема да фрлаат капи на дипломирањето
Објавено на 20 мај, 2016 во 07:19
Британските матуранти повеќе нема да ги фрлаат своите капи во воздух, за време на доделувањето на дипломите, што е долга традиција, бидејќи во последните неколку години се пријавени случаи на повреди, соопштил Универзитетот „Ист Англија“ во Норич.
Таа сериозна.традиција ја вовеле американските матуранти кои во воздух ги фрлаат капите во знак на одбележување на крајот на школскиот циклус.
Професорите на Универзитетот во Норич одлучиле да ја забранат таа пракса поради различните повреди пријавени во текот на фрлањето на капите, кои масивни и имаат остри рабови.
Меѓутоа, одредени британски доктори ја осудиле таа забрана наведувајќи дека повредата од капите во лет е минимална и не може да биде сериозна.
Извор: Плусинфо.мк