Дадијарка немилосрдно претепа бебе, судот не ја казни!
Дадијарката обвинета дека претепала едногодишно бебе нема да се соочи со никакви судски обвиненија затоа што – детето не може да зборува!
Без разлика на тоа што малиот Џошуа Марбури бил покриен со модринки и лузни поради тепањето на дадијарката, обвинетата дадијарка е заштитена со правилото на Апелациониот суд од 2012 година во Орегон кое ги обесхрабрува обвинителите да поднесат пријава бидејќи палавото дете не може да зборува!
Пред неколку дена во Орегон, САД едно семејство обвини дадијарка дека крвнички го претепала нивното едногодишно дете.
Џошуа Марбери и Алиша Квини тврдат дека го оставиле својот син на нивната дадијарка, а кога се вратиле го затекнале нивното дете, претепано. Малиот Џошуа, поради ударите по лицето, се здобило со модринки на окото и црвени печати од отисоци од дланка по целото лице, но и по телото.
Но, за жал, судот го отфрли овој случај, бидејќи не може да се докаже дека насилството е извршено од страна на дадијарката и дека едногодишниот Џошуа е премногу мал за да каже кое е лицето што го претепало.
Родителите на Џошуа се вознемирени и бесни од таа одлука, а таткото страотните фотографии од злоупотребеното дете ги објави на Фејсбук, барајќи објаснување за одлуката на судот.
„По два месеци чекање ние само доживеаме дадијарката да биде ослободена од сите обвиненија, бидејќи мојот едногодишен син не може да ви каже вербално дека тој беше злоупотребен и дека беше во болка или дека оваа личност намерно „го стори тоа“, напишал бесниот Марбери во пост на Фејсбук.
Правилото од 2012 година одредува дека жртвата мора да биде способна да ја опише болката што ја претрпела.
Извор: Плусинфо.мк