Најмладата милијардека на светот спадна на нула!
Богатството на Елизабет Холмс, една од најуспешните жени во светот, спадна на – нула, е оценката на магазинот „Форбс“. Минатата година, истиот магазин ја стави на местото на најмлада милијардерка на светот со нето богатство од 4,5 милијарди долари. На голема жал за неа, „Волстрит журнал“ направил истражување и докажал дека тестовите од нејзината компанија се непрезицни! Од тој момент, нејзиното богатство кое се проценуваше на над 4,5 милијарди долари – се сроза на нула.
„Форбс“ смета дека нејзиното богатство, всушност, претставува 50 отсто учество во „Теранос“, медицинскиот старпат основан во 2003 година, во кој инвеститорите вложиле стотици милиони долари.
Елизабет имаше пеколна година. Беше директорка на стартап „Теранос“ кој правеше анализи на крвта. „Форбс“ соопшти дека разговарал со бројни стручњаци од индустријата, кои проценуваат дека вредноста на „Теранос“ е 900 милиони долари, врз основа на интелектуалната своина и парите кои веќе се подигнати, а не девет милијарди долари како што првобитно е проценета компанијата.
„Врз основа на толку ниските проценки, уделот на Елизабет Холмс, всушност, не вреди речиси ништо“, пишува „Форбс“.
„Теранос“ во меѓувреме се огласи со соопштение дека „Форбс“ ги немал неопходните податоци.
„Како приватна компанија, одбиваме да споделуваме доверливи финансиски податоци со „Форбс“. Статијата е засновата исклучиво врз шпекулации и извештаи од новинарите“, напишал портпаролот на компанијата Брук Бјукене.
„Теранос“ која требаше да внесе револуција во индустријата на крвните анализи, објави дека ги поништува сите наоди направени на нивните апарат „Едисон“ во 2014 и 2015 година.
Извор: Плусинфо.мк