Новата „дрога за забава“: Шмркање какао, нов хит во светот
Во обидот да се „подигнат“ односно да се стимулираат без кршење на законите, младата популација почна да го користи какаото како замена за друга дрога
Какаото стана новата дрога. Шмркање на „чоколадо“ на подиумите за танцување стана хит во светот, предупредуваат лекарите.
Во обидот да се „подигнат“ односно да се стимулираат без кршење на законите или внесување на опасни супстанци во организмот, младата популација почна да го користи какаото како замена за друга дрога.
Трендот започнал во Берлин каде што на некои забави служеле сирово какао наместо алкохол или „конвенционалните“ забранети дроги, пренесуваат светските медиуми.
Во последно време на бројните рејв -забави ширум Европа и САД какаото го нудат во облик на прав, таблети и како пијалак.
Какаото некогаш го користеле и цивилизацииите како Маите и Ацтеките, а во преколумбиска Америка се користело како опијат.
Екстрактот од какаото и денес доведува во состојба на екстаза. Оваа хранлива состојка содржи ендорфин, како и хемикалијата тирозин, претходник на допаминот.
Со оглед на тоа што ендорфинот и допаминот се природни неуротрансмитери, кои создаваат чувство на уживање, не е чудно кога луѓето признаваат дека „шмркањето на чоколадо“ им го поправа расположението.
Какаото е богато со антиоксиданси, како епикатехин, кој го подобрува протокот на крв во мозокот и мускулите, што ги „покрева“ луѓето физички и емоционално, па поради тоа им овозможува подолго време да танцуваат. Научниците предупредуваат дека шмркањето на какао може да биде штетно. Иако нема конкртетни докази во врска со штетноста на какаото, стручњаците напоменуваат дека испраќање на било каква супстанца директно кон мозокот не е најпаметен потег.
Извор: Плусинфо.мк