Вработена во американската банка добила отказ поради расистички статус на Фејсбук
Вработена во банкарската корпорација „Американска банка“ добила отказ бидејќи на својот приватен профил на Фејсбук пишувала расистички коментари.
Како што пренесува „Атланта журнал-конститјушн“, кои објавиле фотографии од спорната објава, жена по име Кристин Мекмулен Линдгрен на својот приватен профил на Фејсбук напишала пост во кој ги навредувала црнците, пишувајќи дека се „проклети црнчишта“ кои „треба да се вратат во Африка“.
Во објавата жената на црнците им порачала да „направат нешто со своите животи“ отколку да собираат социјална помош.
Нејзината објава предизвика бура на Фејсбук, а бројни корисници испратиле пораки и мејлови на корпорацијата известувајќи ги за начинот на кој се однесува нивната вработена.
– Дали Кристин Мекмулен Линдгрен навистина работи за вас? Доколку таа е ваша вработена, дали ќе превземете неколку мерки – прашала еден корисник на социјалните мрежи.
– Се надевам дека оваа компанија не ги дели мислењата и ставовите на своите вработени – гласел еден од коемнтарите на Фејсбук.
Кристин Мекмулен Линдгрен добила отказ истиот ден. Во изјавата за „Журнал конститјушн“, ПР-менаџерот на компанијата, „Американска банка“ потврдил дека Линдгрен навистина била нивна вработена и дека повеќе на работи за оваа компанија. Нејзините коментари ги нарекол „срамотни“ и „неприфатливи“.
Извор: Плусинфо.мк