Пијан водич ги оставил туристите среде планина во Австрија
Група од 60 туристи била принудена да повика спасувачка служба откако водичот ги оставил на падините на една планина во Австрија.
Водичот тргнал во обиколка во алкохолизирана состојба, а потоа ненадејно исчезнал, оставајќи ги туристите сами да се снаоѓаат. Станува збор за група која воглавно ја сочинувале унграски туристи, а кои останале на половина пат во поход на планината Ракс, во Долна Австрија.
Групата планирала да се искачи до еден врв на планината и самиот поход требало да трае неколку часа. Меѓутоа, тогаш во спасувачката служба се јавил еден турист, кој изјавил дека се изгубиле, и дека нивниот водич исчезнал.
Со оглед на тоа што се подготвувало невреме, туристите не знале каде се ниту каде да се сокријат.
Австриската спасувачка служба веднаш реагирала и успеала да ги лоцира. Интересно е што по патот кога дошла спасувачката служба наишле на „исчезнатиот“ водич, кој наводно сам се искачил на планираниот врв, а потоа сам и се симнал. Ракс е планински венец кој се наоѓа на самата граница на австриските сојузни провинции долна Австрија и Штаерска.
Највисок врв е Хеукупе, кој се наоѓа на височина од 2.007 метри надморска височина. Ракс заедно со соседните планински подрачја претставува популарно место за турсити и планинари, но и авантуристи.
Извор: Плусинфо.мк