Со хипноза симнала 25 килограми за три месеци!
Британката Беверли Дејвис (49) користи хипноза и техники на медитација за да почувствува ситост после само неколку залаци храна.
Беверли успеала да ослабе 25 килограми за само три месеци откако почнала самата себе да се хипнотизира и смета дека моменталната телесна тежина може да ја задржи без диета.
Беверли била на разни диети додека била млада, но речиси ниту една не делувала на неа. Таа сега извршува сеанси кои траат десетина минути и тоа задолжително наутро, а потоа 20 минути прави јога.
– Почнав самата да се хипнотизирам во оној момент кога ништо не можеше да ми ги намали килограмите. Сеансите имаат ист ефект како и вградувањето на гастричен бајпас. После два, три залаци храна, чувствувам дека сум сита. Кога се хипнотизирам, се насочувам на дишење и ги опуштам моите мускули, а после тоа сум позитивна и можам да се контролирам во јадењето. И понатаму уживам во храната, но не толку како претходно – раскажа Беверли за британскиот весник „Мирор“.
Таа веќе неколку години експериментира со хипнозата, а во изминативе три месеци од 88 паднала на 63 килограми.
Откако почнала на овој начин да го „тренира“ своето тело, Беверли смета дека има многу повеќе енергија и е задоволна со својот сегашен изглед. Таа одлучила оваа техника да ја применува и на други луѓе, па од неодамна почнала да им држи сенаси на луѓето кои го имаат истиот проблем како неа.
Извор: Плусинфо.мк