Влијанието на планетите во првите седум години на детето
Во астрологијата секоја од првите седум години на децата се поврзуваат со одредена планета. Најважно е да се апсорбираат и помагаат принципите кои се развиваат во дефиниции за тој период.
Првиот период е од 0 до 1 година – планетата која го управува, е месечината. Во тоа време нема себеидентификација и детето е тотално и на секој можен начин зависно од мајката, за тоа и Месечината во принцип во астрологијата се поврзува со неа. Во овој период најважно е да бидат задоволни физичките и емоционални потреби на детето, најпознатите природни и едноставни потреби – е да се нахрани, да му е топло, да е мирно и згрижен. За детето мајката е извор на храна и грижи и го претставува целиот свет, односно ако не се задоволуваат потребите, тоа може да доведе до психички трауми на ниво најдобро главна безбедност – страв за опстанок и недостаток на доверба во животот и светот во целина.
Периодот од 1 до 2 години е поврзан со планетата Меркур – обично тоа е времето кога детето проодува и проговорува. Најважно во овој период е да се промовира и потпомага комуникацијата и движењето.
Следува периодот од 2 до 3 годишна возраст, управуван од Венера. Тука веќе станува збор не само за комуникација, туку за комуникацијата, обидите за споделување, односи и довербата во нив.
Во овој период на детето му се допаѓаат нештата или луѓето и започнува да изразува избори што да прави. Тогаш од суштинско значење е родителите да се во хармонични односи. Се разбира, тоа е важно во принцип, но тука има акцент, бидејќи почнуваат да се градат модели на идните односи во потсвеста на детето.
Периодот од 3 до 4 години е сончев период. Детето веќе сосема јасно се разликува од родителите и се обидува да ја изрази индивидуалноста преку желби или откажување од она што му се нуди. Оваа година ја нарекуваат годината на малиот тиранин бидејќи во отсуство на себеконтрола и јасна свест, што е природно, детето може да запаѓа во крајности во врска со желби или одбивања и тоа да е постојано и неизменично. Важно е да му се пријде со разбирање и да не се уништува неговата способност да прави сопствени избори, бидејќи тоа е периодот во кој малиот човек се учи на лична доверба , а таа ќе му е потребна за целиот негов живот понатаму.
Периодот од 4 до пет 5 е период на планетата Марс кога започнува поголема физичка активност и одбрана. Период на трчање, скокање, прогони, битки и поради овие причини постои ризик од физички повреди – детето се уште не се научило да владее со енергијата, движењата и избалансираноста на телото. Заштитете го умерено, но во никој случај не го ограничувајте од физичка активност, а најдобро најдете начин на кој ќе го наведете да гради да ја изразува својата енергија. Внимавајте на детето и тоа само ќе ви покаже.
Од 5 до 6 години е периодот на Јупитер – љубопитност и интерес кон сè. Тоа е периодот на прашањата. Стремежот кон спознанија се активира светло во детето. Важно тука е да одговарате на сите негови прашања, бидејќи во овој период се формираат претстави. Нема глупави и несоодветни прашања, како и оние кои не заслужуваат одговор-бидете јасни со него и задоволувајте му ја потребата да знае и да се разбира.
И последниот период – од 6 до 7 години-тоа е последната година од овој циклус кој е управуван од планетата Сатурн.
Тогаш детето се учи да се концентрира, да се собира и да има фокус на вниманието. Добро е да му се дадат можни задачи со кои тоа може да се справи, да развива трпение и одговорност. Тоа е и причината во овој период децата да тргнат на училиште – порано за нив не е соодветна оваа тема, бидејќи способноста да го задржат вниманието не е развиена, а наставниот процес тоа го бара.
Се разбира, тоа е стандард, а во зависност од тоа како ќе се постават сите овие планети во картата на детето, се гледа кои периоди ќе бидат со поголема активност а кои се повеќе проблематични.
Добро е да се знае дека овие седум различни аспекти се важни принципи кои се задолжителни да се развиени, бидејќи секој од нив ни е потребен за да можеме да функционираме целосно во животот.