Следниот филм на Бонд ќе се снима во Дубровник?
Објавено на 24 февруари, 2017 во 09:51
Сосема малку е познато за следниот филм за Џејмс Бонд – не се знае ниту кој ќе го глуми агентот 007, ниту кој ќе режира, ниту насловот, но веќе почна да се шпекулира дека можно е да почне да се снима пред крајот на годинава во Хрватска.
Медиумите пренесуваат дека Андро Влахушиќ, градоначалникот на Дубровник, посочил дека се одвиваат разговори со продуцентите за филмот да се снима во хрватскиот град.
И претходно Дуборвник се спомнуваше како локација за следниот филм од франшизата за Бонд. Моментално таму се снима филм за Робин Худ.
Во однос на Бонд, останува отворено најважното прашање: Дали Даниел Крег ќе биде агентот 007 уште еднаш? Или тоа ќе биде Том Харди?… Или Мајкл Фасбендер?… Или Џејмс Нортон?…