Двајца патници со SpaceX, вгодина, ќе патуваат до Месечината
Две приватни лица платиле екскурзија до Месечината, што треба да се одржи следната година.
Тие ќе бидат првите луѓе кои ќе патуваат на толку голема далечина во отворен простор.
САД не испратиле астронаути на Месечината од мисиите на “Аполо” во 60-тите и 70-тите години на минатиот век. SpaceX ќе организира турнеја на Месечината за двајца туристи во крајот на следната година, соопшти извршниот директор на компанијата Илон Муск.
Тоа дава можност за луѓето да се вратат во длабокиот космос за прв пат од 45 години и тие ќе патуваат побрзо и подалеку во Сончевиот систем од кого и да било пред нив.
Имињата на двајцата вселенски туристи не е објавено. Тие веќе поднеле значителен депозит, се прецизира во соопштението.
Патувањето ќе се случи со капсулата “Crew Dragon” на SpaceX, кое подоцна оваа година ќе изврши беспилотен пробен лет.