Четири титули за македонските убавици на избор во Кипар
Македонската претставничка, 16-годишната Евгенија Ризова од Скопје, победи изминатиот викенд на изборот за Мис на Медитеранот 2017 што се одржа во Кирења, на Кипар.
Втора придружничка е исто така Македонка, осумнаесетгодишната Ивана Ѓеорѓиевска од Скопје.
Титулата прва придружничка ја освои претставничката на Италија Ракел Домингос.
И преостанатите две наши претставнички успеаја да освојат титули. Кумановката Ангела Спасовска (18) ја освои титулата Мис Елеганс, а Катерина Бошковска (19) од Скопје ја освои титулата Мис Персоналити.
Изборот се одржа во прекрасниот „Хотел Мерит Ројал Премиум“ во Кирења, каде убавиците од медитеранските држави престојуваа 7 дена, подготвувајќи се за големото финале кое се одржа во саботата вечер.
Сите наши претставнички се членки на модното студио „Црнокрак“, кое ја има лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина кој се одржува од 2004 година во организација на „АЈА Продакшн“ од Бејрут, Либан.