Богатите живеат подолго
Младите луѓе веќе можат да си замислуваат дека ќе живеат до 100 години благодарение на квалитетното здравство, пишува Bloomberg. Просечната жена во Јапонија веќе живее до 87 години. Од друга страна, сепак многу Американци умираат уште млади.
Според база на податоци од последната година е намалена прогнозата за шест месеци. Просечната должина на животот, во американското општество, сега изнесува околу 65 години. Здравјето на средновечната Американката која не е од шпански потекло, се влошува побрзо.
Според новото истражување резултатот од овие трендови е поголема нееднаквост меѓу побогатите и посиромашните Американци. Најбогатите членови на американското општество не само што живеат неколку години повеќе, тие исто така добиваат повеќе финансиска корист благодарение на даночните обврзници.
Трендовите ќе се од исклучителна важност, откако новата администрација и Конгресот размислуваат да направат промени во системот на социјалното осигурување и здравството. Дури лесни промени на возраста за пензионирање и формулите за пресметување на надоместоците би имале многу различни рефлексии врз сиромашните и богатите.
Истражувачите, група од 13 истакнати економисти и експерти за политиките за здравство, се обидуваат да пресметаат колку долго Американците можат да очекуваат да живеат врз основа на приход. Фокусот на студијата е на даночните обврзници во средниот период од кариерата, кога тие се на возраст меѓу 41 и 51 години. Користените податоци се од системот на социјалното осигурување.
Резултатите се недвосмислени. Во 1980 година човек на 50-годишна возраст, припадник на најбогатата група во општеството, можел да очекува да живее пет години подолго од 50-годишен маж, кој и припаѓал на групата граѓани со најниски примања. До 2010 година оваа разлика се зголемила до 12,7 години.
Со други зборови, најсиромашните луѓе во САД на 50-годишна возраст можат да очекуваат да живеат малку повеќе од 76 години, или шест месеци помалку. Истовремено најбогатите луѓе на иста возраст би требало да живеат 89 години, што е со 7 години повеќе од генерацијата на нивните родители.
Студијата се фокусира на мажите, бидејќи податоците за жените не се толку сигурни. Во последните 40 години жените влегле во работната сила и тоа може да ги искриви резултатите, бидејќи претходните генерации жени имале пониски приходи, но повисок социоекономски статус во општеството. Експертите се уште не се подготвени да ги изнесат конкретните податоци за жените, но сметаат дека кај жените се очекуваат слични, ако не и поголеми измени во однос на мажите, повикувајќи се на претходниот анализа.
Еден од најважните заклучоци од 13-годишното истражување за очекуваното времетраење на животот е дека социјалното осигурување и здравството се претвораат во многу добар договор за богатите Американци.