Британската Кралица зависник од чашка
Елизабета Втора не седнува на масата без чашка.
Не е изненадување дека кралицата на Англија знае како да се забавува, особено кога станува збор за храна и пијалаци. Општо познато е дека таа има строги правила во однос на ова, како што лукот е непријател без пристап во Бакингемската палата. Самата Елизабета II пак не планира патување без својата омилена торта. Изненадување сепак е публикацијата “Бизнис инсајдер”, според која цели четири чаши со алкохолни пијалоци дневно се грижат за доброто расположение на кралицата.
Поранешниот кралски готвач Дарен Макгрејди,вели првиот пијалок на кралицата задолжително е составен од џин со парче лимон и многу мед.
Тој открива за “Телеграф Дејли” дека потоа кралицата руча најчесто зеленчук со риба, чаша вино и чоколадо. Според нејзини блиски, по ручекот следува чаша суво мартини.
Потоа Елизабета II балансира со попладневен чај, кој го комбинира со пасти или Бисквит торта.
Конечно, кралицата го завршува денот со лесна вечера, следејќи го правилото “без скроб”.
Денот го завршува со чаша шампањ пред спиење.
Како што забележува “Индипендент”, круната на Лондон прифаќа шест единици алкохол на ден, што, според британските здравствени стандарди, покажува зависност од алкохолни пијалоци. Но, таа е на 91 години.
Кои сме ние, за да ја осудуваме?
Во меѓувреме при посетата на кралското семејство во Австралија во далечната 1954 година таа ги фрлила чевлите по принцот Филип за време на скандалот меѓу нив.
Потоа се извинила за однесувањето со оправдувањето дека “такво нешто се случува во сите бракови”.