Инцидент во Сплит: Два часа се договарале како да спасат автомобил
Објавено на 10 август, 2017 во 13:04
Невнимателен возач на автомобил со регистеарски таблички од Дарувар, за малку ќе паднел во морето на брегот на Сплит.
Инцидентот се случил во вечерните часови во средата, а им требале речиси два часа да дојде помош, пишува Slobodna Dalmacija.
Автомобилот на крај бил извлечен од влечната служба, откако заклучиле дека подигнување со „пајак“ би било премногу ризично.
Во меѓувреме, минувачите за секој случај, стоеле потпрени на хабата за да обезбедат додатна тежина на автомобилот на предната страна.