Најскап фустан на светот – чини 30 милиони долари
Оваа луксузна креација во 2009 година ја дизајнираше Фаизали Абдула и се смета за вистинско уметничко дело.
Малезискиот дизајнер Фаизали Абдула пред осум години, покрај големата економска криза во светот, но сепак реши да ја направи под името „Nightingale of Kuala Lumpur”, „Славејот од Куала Лумпур“.
Креацијата е направена од свила, шифон и сатен, опточена со 751 дијамант од 70 карати во облик на круша од јувелирската куќа “Mouawad”.
„Акциите паѓаат, вредноста на златото опаѓа, но дијамантите се вечни. Овој фустаен е со дијаманти. Зошто да се враќаме назад, зошто да не одиме напред?“, изјави тој своевремено.
Компанијата „Stylo” е задолжена за продажба на најскапиот фустан на светот, а менаџерот Ненси Јео вели дека тој е уметничко дело и има доволно богати луѓе кои сакаат да го купат.
Познато е дека овој фустан имала прилика да го носи индиската актерка Кавита Сиду.