Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

На најновата престижна Шангајска листа, која беше објавена денеска, најдобар универзитет во светот е „Харвард“. По него следуваат „Станфорд“, „Кембриџ“, МИТ, „Беркли“, „Принстон“, „Оксфорд“, „Колумбија“, „Калифорнија“ и универзитетот во Чикаго.

Меѓу првите десет на оваа листа осум се американски и два британски универзитета.

Што се однесува на регионот, на листата се само универзитетот во Белград, кој е позициониран меѓу 201. и 300. место и универзитетот во Љубљана, кој е во групата од 401. до 500. место. На листата нема универзитети од Македонија, Хрватска, Црна Гора и од Босна и Херцеговина.

Шангајската листа, која секоја година ја објавува универзитетот „Џиао Тонг“ од Шангај, е една од највлијателните листи која ги рангира 500-те најдобри универзитети во светот.

Клучни критериуми за рангирање на универзитетите се бројот на објавени научни трудови во меѓународни списанија, цитираност, бројот на добитници на Нобелови награди и Филдсови медали, кои луѓе студирале или работат таму.

Листата е неформална, но е работа на престиж да се биде на неа бидејќи опфаќа само 2 отсто од светските универзитети./Макфакс

Најново