Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Многумина сметаат дека пушењето наргиле е помалку штетно од конвенционалните цигари, па претпочитаат да веруваат во тоа, со цел да ја смират својата совест околу уништувањето на своето здравје. Сепак, науката смета дека тоа е само мит.

- Пушењето наргиле е всушност многу поштетно од цигарите, бидејќи количеството чад што се внесува во белите дробови од едно испушено наргиле, е еднакво на 100 цигари - посочува бугарскиот пулмолог, д-р Софија Ангелова во интервју за БТВ.

- Просто, нема нештетно пушење! Што и да се пуши, ние внесуваме токсични материи што можат да доведат до хронични белодробни заболувања, и тоа сериозно да му наштети на пушачот. Апсолутна заблуда е тоа дека водата во наргилињата го филтрира чадот, нагласува натаму докторката.

Натаму, таа појаснува дека белиот дроб се развива до 25-годишна возраст.

- Дишниот систем на 14, 15, 16-годишниците се уште не е целосно развиен. Ако еден млад човек почне да пуши, хроничното заболување е речиси неизбежно - додава таа.

Според неа, самиот пристап до наргилето треба да биде ограничен.

- Имено, родителите треба да мислат на здравјето на своите деца. Информирајте се! - препорачува таа.

 

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново