Принцовите Вилјам и Хари тивко ја одбележаа годишнината од смртта на Принцезата Дијана
Принцовите Вилијам и Хари ќе ѝоддадат почит на мајка си принцезата Дијана денес – ден пред 20-годишнината од смртта во сообраќајна несреќа во Париз, јави Ројтерс.
Двајцата браќа ќе се сретнат со претставници на добротворни друштва, поддржани од принцезата Дијана, во палатата Кенсингтон – нејзина поранешна резиденција и нивен актуелен дом.
Две децении по смртта на 31 август 1997 година името на Лејди Ди повторно е на насловните страници. Нови откритија за личниот живот и куп телевизиски документарни филмови се појавија околу датумот на годишнината од смртта.
Принцовите Вилијам и Хари дадоа свој придонес за некои од документарните продукции, но за разлика од претходните години ќе го одбележат датумот повеќе дискретно. На самиот ден на годишнината тие ќе се “оддадат“ на мајка си насамо.
Денес, пред да се состанат со претставници на поддржаните од принцезата Дијана добротворни друштва, принцовите Вилијам и Хари ќе се вклучат во обиколка на една од градините на палатата Кенсингтон, привремено трансформирана во спомен на Лејди Ди. Во т.н. Бела градина се засадени бели англиски рози и незаборавки.