Почина човекот што ја „описмени“ Куба
Армандо Харт Давалос, кубанскиот револуционер и близок до лидерот Фидел Кастро, почина во неделата на возраст од 88 години, во Хавана, пренесоа кубанските медиуми.
„Познатиот револуционер Армандо Харт Давалос почина во неделата попладне како последица од респираторна инсуфициенција“, наведоа медиумите.
Харт, кој имаше проблеми со здравјето и беше врзан за количка, по занимање е адвокат. Му се придружил на Кастро во 1953 година и беше еден од членовите на тајните ќелии на Кастровото „Движење 26 јули“.
Беше во затвор и беше измачуван за време на владеењето на генералот Фулгенсио Батиста Залдивар.
Од Куба побеганл во 1959 година.
Со доаѓањето на власт на Кастро, тој се вратил во земјата, станал министер за образование и покренал кампања за описменување на населението.
Харт, за кои се смета дека бил еден од идеолозите на Комунистичката партија на Куба, бил и министер за култура до 1997 година.
По повлекувањето од функцијата, Харт се посветил на запознавање на животот и делата на кубанскиот борец за независност. филозофот и поет Хозе Марти (1853-1895).