Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Британскиот принц Хари (33) и холивудската ѕвезда Меган Маркл денеска објавија дека нивната венчавка ќе се случи напролет, потсетувајќи дека нивниот однос се развил „неверојатно брзо” по првиот „слеп љубовен состанок”.

– Фактот што се вљубив во Меган неверојатно брзо, ми потврди дека коцките се наместија, се беше совршено. Оваа убава жена влезе во мојот живот, јас јас влегов во нејзиниот, рече Хари во ТВ интервју.
Маркл го покажа и својот прстен со три дијаманти, којшто Хари самиот го дизајнирал. По само две средби, тие одлучиле да одат заедно на одмор во Боцвана, а во септември годинава првпат се појавија во јавност во Торонто.

Средишниот дијамант потекнува од Боцвана, а двата странични Хари ги зел од домашната колекција на неговата покојна мајка, принцеза Дајана.

Како и сопругата на принц Вилијам – Кејт, ниту Меган нема да ја носи титулата принцеза, наведуваат британските медиуми.

Актерката во 2011 година беше омажена за филмскиот продуцент Тревор Енгелсон. Тие се разведоа две години подоцна.

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново