Наксос, најубавиот грчки остров за 2018
Објавено на 22 јуни, 2018 во 10:09
Бели куќички, недопрена природа и тиркизна вода е она што ќе најдете доколку летово се упатите кон Наксос, најубавиот грчки остров за лето 2018.
Најголемиот остров од грчките Киклади, Наксос, е дом на многу таверни во кои може да вкусите морска храна, но и историски знаменитости кои вреди да се посетат.
Плажите се малку подиви од вообичаено, но во тоа е убавината на овој остров.
Богат со паркови, рушевини од минатото, цркви и катедрали, како и авантуристички плажи, вреди да истражите зошто токму Наксос е одбран за најубавиот грчки остров за ова лето.