Пилот го погрешил кодот па во авионот влегле специјалци
Пилотот наместо кодот за расипано радио, го внесол кодот за киднапирање. Бидејќи немало начин властите да се слушнат со пилотот, морале да заклучат дека станува збор за најлошото…
На авионот на компанијата “JetBlue” на аеродромот “LAX” во Лос Анџелес, му се расипало радиото и пилотот не можел да разговара со кулата, па затоа внесол код, за да им каже за што станува збор. Но, наместо кодот за расипано радио, го внесол кодот за киднапирање.
Бидејќи немало начин властите да се слушнат со пилотот, морале да заклучат дека станува збор за најлошото можно сценарио, и на пистата се појавиле итни служби, специјалци, пожарникари…
Во авионот влегле 10 вооружени специјалци кои им наредиле на преплашените патници да ги кренат рацете во воздух. Некои од патниците направиле фотографии и ја снимиле драмата, а подоцна објавувале на социјалните мрежи.
Пишувале дека биле премногу исплашени, дека мислеле дека ќе умрат, а на некои од им се остварил најголемиот ноќен кошмар, кога ги виделе тешко вооружените полицајци како влегуваат во авионот.
Авионот бил прегледан и било утврдено дека не постои никаква опасност, а портпаролката на “JetBlue” рекла дека станува збор за “лажен аларм”. Поради целата ситуација, имало голем број на доцнења на аеродромот.