Аранжман за Американци: За 7.700 долари обиколка на Балканот од Белград до Скопје
„Искусете седум етнички, политички и религиозно различни балкански земји на шеснаесетдневно патување кое почнува во Белград, главниот град на Србија, а завршува во Скопје, главниот град на Македонија“, се наведува во аранжманот.
Дека Балканот се повеќе е во фокусот на прекуокеанските земји сведочи и аранжманот кој се рекламира на порталот „Лос Анџелес Тајмс“ и нуди обиколка на неоткриените убавини на Европа.
Патувањето кое почнува во Белград, продолжува во „отомански“ Мостар во БиХ, Дубровник во Хрватска, стариот пристанишен град Котор во Црна Гора, античките урнатини во Драч во Албанија, а авантурата завршува во Скопје, родниот град на Мајка Тереза.
Големината на групата е ограничена на 16 луѓе, а обиколката на Балканот ќе трае од 13 до 28 септември.
Цената на патувањето по човек е 7.695 долари и во неа е вклучено сместување, повеќето оброци, водичи и автобуски превоз меѓу градовите, но не и авионските билети.