Над 3 милиони туристи на Мундијалот во Русија
Објавено на 17 јули, 2018 во 15:46
Повеќе од три милиони странци ја посетиле Русија за време на Светското првенство во фудбал. Ова е двојно повеќе од билансот по Зимските олимписки игри во Сочи.
Русија им дозволи на странците кои доаѓаа на најпрестижните фудбалски натпревари да влезат во земјата без виза. Медведев изрази уверување дека големиот број на туристи од целиот свет ќе влијаат позитивно на перцепцијата на Русија.
Мундијалот во Русија се одржа од 14 јуни до 15 јули, а градови домаќини беа Москва, Санкт Петербург, Сочи, Казањ, Калининград, Самара, Нижни Новгород, Волгоград, Ростов, Саранск и Екатеринбург.