Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

milijarderka fin

Компанијата Theranos повеќе нема да постои, а сопственичката Елизабет Холмс се соочува со кривична пријава за измама на инвеститори, доктори и пациенти, пишува Wall Street Journal.

Оваа вест доаѓа по објавувањето на мејл во кој директорот на компанијата ги известува акционерите дека нема да добијат пари со цел да се исплатат долговите за кредити кон банките и инвеститорите. Целта е да се избегне банкрот на компанијата.

Theranos е основан во 2003 година и требаше да внесе револуционерен напредок во индустирјата за крвни анализи. Холмс тогаш имаше 19 години и досега важеше за една од најуспешните жени на денешницата. Не само што не постои никакво медицинско чудо кое го најавуваше со години туку и лажела за тоа како американската војска ги користи нејзините производи во Авганистан.

Откако беше разоткриена Холмс ги затвори лабораториите и им даде отказ на 800 вработени. Харизматичната русокоса девојка која ги лажеше луѓето дека ќе создаде технологија достапна и за најсиромашните испадна најголемата измамничка на векот.

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 25/09/2018 година.