Песочна бура во Австралија
Објавено на 22 ноември, 2018 во 08:32
Силна песочна бура се дигна во југоисточните делови на Австралија .
На многу места, вклучувајќи го и Сиднеј, небото е портокалово и квалитетот на воздухот се влошува.
Властите издадоа предупредување за опасното време во областа на најголемиот австралиски град.
Причината за песочната бура е силните ветришта и сувото време.