Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

medena fin

Застапуван од американската компанија за производство и дистрибуција на филмови „Неон“, која ги откупи правата за прикажување во Северна Америка, македонскиот победник на „Санденс“ ќе има кинодистрибуција во селектирани киносали, вклучувајќи ги „Ламли Ројал“ во Лос Анџелес и „Куад синема“ во Њујорк.

Продукцијата на филмот информира дека дистрибутерот на филмот во САД, „Неон“, иако е млада компанија, во изминатите неколку години застапувал познати и наградувани нови наслови. На почетокот на проекциите режисерите Љубо Стефанов и Тамара Котевска имаат средби со публиката и со претставници на медиумите, во Лос Анџелес на 22 и 23 јули и во Њујорк на 25 и 27 јули.

Филмот беше прикажан во „Синема Детроит“ во Детроит, како и во „Реј старк фемили театар“ и на Универзитетот на Јужна Калифорнија во Лос Анџелес. На 24 и 25 јули следуваат проекции во Џејкоб Брнс филм центар, а наредниот ден и во „Куад синема“ во Њујорк. На 16 август ќе се прикажува во Форт Колинс во Колорадо.

„Медена земја“ ќе може да го погледне и публиката во Австралија на 31 јули на фестивалот „Stronger Than Fiction“ во Канбера, а на 2 и 18 август во Мелбурн. Во текот на летото ќе продолжи учеството на филмските фестивали, меѓу кои и на еден од најголемите во регионот ‒ Сараевскиот филмски фестивал, кој ќе се одржува од 16 до 23 август.

На крајот на август „Медена земја“ ќе биде прикажан пред домашната публика, на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, а потоа ќе биде на редовниот репертоар во македонските кина.

По триумфот на филмскиот фестивал „Санденс“ во јануари, документарецот беше прикажан и награден на повеќе од 20 фестивали. Филмот го очекуваат кинодистрибуции во САД, Канада, Велика Британија, Германија, Австрија, Полска, Белгија, скандонавските земји, Шпанија, Турција, Кина, Јужна Кореја и Австралија.

 

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново