Кој ден во 2020-та е идеален за стапување во брак?
Според астролозите, најдобриот ден за венчавка во следната година е 20 февруари затоа што тогаш Сатурн, Јупитер, Плутон, Марс и Месечината, клучните планети и небесни тела за „посветеност, емоционална стабилност и реализација на светите завети“, ќе бидат поставени во ист астролошки знак.
Ова се нема случено од 1960-тите години.
Целата 2020 е особено поволна за стапување во врска или брак, сметаат астролозите, но оваа ќе биде и година на напредок во сите аспекти.
Инаку, 2020 година е престапна година, што значи дека на жените им е „дозволено“ да ги запросат мажите. Според вековната традиција во многу европски земји, има еден ден во годината кога е особено препорачливо жената да го запроси мажот, а тоа е 29 февруари, односно, секоја престапна година.