Надеж и за старите: Се излекува 95 годишна жена од Ковид 19 во Италија
25.03.2020
Алма Клара Корсини со своите 95 години стана најстарата Италијанка која го победи коронавирусот и стана симбол на надеж за илјадници заразени во Италија, пред се оние старите.
Жената од Модена отишла во болница на 5 март веднаш откако ги почувствувала симптомите. Медицинскиот персонал вели дека телото на пензионерката покажало голема отпорност, а старицата за новинарите рекла дека се чувствува добро.
Докторите и специјалистите во болницата ја лекувале старицата до минатата недела, кога потполно се опоравила без „антивирусна терапија“, а британскиот Телеграф пренесува дека бабата во меѓувреме била отпуштена од болница и вратена во старечкиот дом во кој живее.
Минатата недела 97-годишен маж, за кој се верува дека е најстариот Италијанец кој го преживеал ковид-19, се вратил во старскиот дом откако две недели бил во болница.