Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

deca fin

25.03.2020

Пандемијата го погоди секој сегмент од општественото живеење. Во момент кога не можете да ги смените околностите надвор, ви преостанува само да се менувате вие. Најголем проблем во оваа ситуација се децата. Најчестиот изговор на родителите е „Не знаеме што да им правиме“. Дали сте занеле дека децата го чувствуваат стравот на родителите, грижите, стресот и траумите во семејството. Се лажете ако милите дека децата се мали, дека не разбираат. Напротив.

Немојте да ги лажете и не паничете пред нив: Возрасните често се однесуваат незрело, пцујат, се закануваат, по сто пати прераскажуваат некоја вест или трач, потполно занемарувајќи го присуството на децата. Децата не се имуни на секојдневните случувања

Разговарајте са децата за мерките за заштита и моќните последици од некоја болест: Побарајте информации за коронавирусот и начинот на превенција и лекување. Разговарајте и советувајте ги за начинот на водење на личната хигиена, правилно миење раце по користењето на тоалетот, пред и по јадење или ако се играат надвор. Кажете им дека најважно е да се зајакне организмот и имунитетот во борба против било која болест, па и корона. Објаснете им дека во моментов мораме да го смениме начинот на живот за да се заштитиме.

Наоружајте се со трпение, дозволете на децата да ве прашаат што сакаат: Обидете се да не паничите додека разговарате со други а децата се тука.

Покажете му на детето како се чувствувате, не ги лажирајте чувствата бидејќи тие одлично ги разбираат невербалните пораки, кои се спротивни на она што го зборувате. Така ќе ги направите уште по несигурни.

Не ги претрупувајте со информации кои нема да ги разберат: Нема потреба да го убедувате детето да не се плаши, кога состојбата е таква да дава причини за страв. Сепак, стравот треба да се смали и да се надмине. Важно е да го препознаете стравот и несигурноста и да одговорите на сите детски прашања со склад со неговата возраст, дали преку игра, со цртеж, преку приказна или разговор.

Заедно смислете активност со која убаво ќе си го поминете викендот.

Текст и фото: srbijadanas.com

 

 

SEMM baner MK

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново