Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

laboratorija fin

6.05.2020

Научниците открија антитела кои го спречуваат коронавирусот да инфицира човечки клетки во револуционерни истражувања кои можат да доведат до развој на нови третмани за лечење, пренесува „б92“.
Врз основа на истражување на антитела кои се насочени кон коровирусот САРС, научниците го идентификуваа она антитело кое го блокира Ковид 19.

Продолжувајќи ги истражувањата на коровирусите на САРС, научниците од Универзитетот Утрехт во Холандија, како и Медицинскиот центар Еразмус и компанијата Харбор Биомед (HBM), утврдија потенцијален метод за неутрализација на Ковид 19.

Откриле дека антителата кои спречуваат вирусот САРС да инфицираат човечки клетки, исто така, можат да блокираат коронавирусот да инфицира човечки клетки, покажала студијата објавена во списанието Nature Communications.

Со тестирање на нивната колекција на антитела врз човечки клетки, истражувачите го откриле она антитело кое се врзува за одреден дел кој е присутен и во САРС и во вирусот што предизвикува Ковид 19.
Откритието би можело да понуди почетен чекор кон развој на целосно човечко антитело за лекување или превенција на болеста, која зарази повеќе од 3,5 милиони луѓе ширум светот и доведе до повеќе од 247.000 смртни случаи.

Неутрализираните антитела „можат потенцијално да го променат текот на инфекцијата кај заразен домаќин, да го поддржат отстранувањето на вирусот или да заштитат незаразено лице изложено на вирусот“, рече д-р Беренд Џен Бош, ко-раководител и автор на студијата, пишува „Скај њуз“.

Антителото што се користи во ова истражување е целосно човечко, што овозможува развојот на лекот да продолжи забрзано и ги намалува потенцијалните несакани ефекти поврзани со имунитетот.
„Ова е револуционерно истражување“, рече д-р Џингсонг Венг, извршен директор на HBM.

 

 

SEMM baner MK

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека Градскиот пазар во Велес наместо во вообичаените пазарни денови, отворен е за работа секој ден, од понеделник до недела, од 07:00 до 14:00 часот.

Претходно донесените мерки за Градскиот пазар сè уште се на сила.

Малиот пазар во Нова населба останува затворен за работа, затоа што сè уште не се создадени услови за негово повторно отворање.

Општина Велес упатува апел до сите жители на општината за почитување и придржување кон мерките за превенција и заштита од ширење на Ковид-19 (коронавирус).

Јавното здравје е заедничка одговорност.

Со почит,

Општина Велес

 
   
   
   
   

Најново