Дујмиќ слета од автопат, излета од автомобилот: Има тешки повреди на главата
Објавено на 30 јули, 2020 во 10:34
30.07.2020
Хрватскиот музичар и поранешен фронтмен на „Нови фосили“, Рајко Дујмиќ, добил тешки повреди на главата во сообраќајната незгода кога слетал од патот и испаднал од автомобилот, потврдила полицијата на Ријека.
Според последните информации, што ги пренесе „24 sata.hr“, Дујмиќ се наоѓа во болницата на Сушак, на одделението за интензивна нега и е во стабилна состојба.
„Сопругата го видела Дујмиќ во болницата, имал тешки повреди на главата, тоа е сè што знам“, рекол извор за хрватски „24 sata“.
Неговата сопруга Снежана се огласи на социјалните мрежи.
-Ве молам, молете се да се разбуди од кома“, објави Снежана на нејзиниот фејсбук-профил.
Извор: 24 sata.hr