IPhoneе убедливо најпродаван телефон оваа година !
Двата најпродавани телефони ширум светот доаѓаат од „Епл“ во третиот квартал на оваа година.
Интересно, Топ 10 се состои од дури пет уреди на Samsung, додека на списокот има и три телефони на Xiaomi!
Напрвоместо е неприкосновениот iPhone 11, којубедливо води во конкуренцијатасо 16 милионипродаденимодели.
Кога на тоа ќе додадете дека овој телефон продаде 37,7 милиони примероци во првата половина на годината, тоа значи дека iPhone 11 продаде повеќе од 50 милиони примероци.
Се водеше многу блиска борба за второто место, но iPhone SE (2020) успеа да продаде околу 10 милиони примероци.
Причината за успехот на овој уред може да се најде во фактот дека тој е најевтиниот телефон на iPhone, чини 399 долари.
Извештајот поднесен од аналитичката компанија Canalys покажува дека iPhone 11 е најпродаван телефон во светот четврти квартали по ред.
Големата борба со iPhone SE ја водеше Samsung Galaxy A21s, кој имаше приближно исти броеви како и телефонотна Apple.
Многу близу до овие модели е Samsung Galaxy A11, кој е продаден во повеќе од 9 милиони примероци. Најскапиот телефон на Samsung на списокот е на петтото место, A51.
Следни се мобилните телефони на Xiaomi, односно моделите на Redmi. Тие се предводени од Redmi Note 9 со околу 7 милиони продадени модели (тој број jа вклучува верзијата Redmi 10X 4G), проследен со основниот модел Redmi 9.
Она што е особено интересно, нема 5G телефони наТоп 10 листата, како и модели кои ја носат ознаката Pro.
Во прилог, погледнете ја листата која ја изработи водечката маркетинг агенција која го следи технолошкиот развој: Canalys.