Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

signal

13.01.2021

Бројот на нови корисници на апликацијата за пораки „Signal“ нагло се зголеми во последните денови, откако „WhatsApp“ ја ажурираше политиката за приватност на податоците.

Во неделата, апликацијата „Signal“ била инсталирана од околу 810.000 луѓе ширум светот, скоро 18 пати повеќе отколку на 6 јануари, откако „WhatsApp“ ја ажурираше својата политика за приватност, покажуваат податоците од истражувањето на компанијата „Apptopia“.

Според новата политика за приватност, „WhatsApp“ има право да споделува податоци на корисниците, вклучително и локација и телефонскиот број, како матичната компанија „Facebook“ и компаниите „Instagram“ и „Messenger“.

Застапниците за заштита на правото на приватност го критикуваа овој потег на компанијата, посочувајќи на повремените скадалозни пропусти на „Facebook“ во заштитата на податоците на корисниците. Многу активисти предложија корисниците да се префрлат на други платформи.

За да се справи со големиот број нови корисници, „Signal“ во неделата објави дека го зголемува бројот на сервери. До неодамна, оваа бесплатна апликација најмногу ја користеа новинари и активисти за човекови права во потрага по побезбеден и подобро шифриран канал за комуникација.

Мите Јаначков

 

 

SEMM baner MK

NOVOGODISENBANERSINALCO

 
   
   
   
   

Најново