Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

sekerinska fin

2.02 2020
Пишува: Весна Коловска

Пост од Фејсбук искористен во обид да се направи новинарски текст, а во насловот да се дискредитира вицепремиерката и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која на Парламентралните избори 2020 е носител на листа на коалицијата „Можеме“ во Изборната единица број пет.

Насловот на текстот објавен на сајтот bregalnicki.mk: „Додека Шеќеринска тера кампања со државни возила некој се дрзнал да го ограби Генералштабот“ осудува и во исто време коментира, а министерката ја става во функција на чувар на униформите и на Генералштабот во исто време.

Новинарскиот текст е една реченица, во функција на вовед на објавениот статус на Фејсбук на поранешен вработен во АРМ, кој јавува за кражба на 35 униформи од Генералштабот на АРМ во Скопје.

Додека министерката за одбрана си тера кампања со службени возила и користи униформирани лица за снимање партиски спотови, некој се дрзнал да ја ограбува Армијата. Министерството за одбрана засега молчи и случајот се држи во тајност. (ФБ статус на Александар Нацев).

Во Кодексот на новинари пишува дека „новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот“.

Текстот на bregalnicki.mk, кога веќе пренесува пост од социјална мрежа не дава одговор на основните новинарски прашања и најважното – дали навистина се случил настанот. Наместо да информира, на крајот текстот завршува со: „напиша Александар Нацев во врска со овој инцидент кој што надлежните го забошотуваат од јавноста“.

Случајот со кражбата на униформите ниту е забошотен, ниту се држи во тајност. Портпаролот на АРМ, Тони Јаневски, за Вистиномер изјави дека кражбата што се случила меѓу 29-ти и 30-ти јуни, е пријавена и по случајот постапува Воената полицијата и државните инстистуции.

Новинарот го искористил Фејсбук статусот да пренесе полуинформација и да дискредитира учесник во политичка кампања.

Членот 14, од Кодексот на новинари пропишува:
Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново