АББА пееше на отворање на ресторан во Стокхолм
Објавено на 21 јануари, 2016 во 09:11
Четворицата членови на познатата шведска поп група од 70-тите години се собраа во Стокхолм на отворањето на ресторан, но повторно потврдија дека АББА нема да настапува на сцена.
На прашањето на новинарите, едниот од нив, Бени Андерсон, изјави дека не верува дека ќе се соберат заедно на сцената. Ние сме тука за да празнуваме “, рече од своја страна Бјорн Улвеус.
Диско-идолите од 70-тие не беа видени на едно место од 2008 година. Тие и сега пристигнаа поединечно и многу внимателно за да не бидат фотографирани заедно. Од 1974 година групата, има продадено повеќе од 380 милиони албума во целиот свет, што ја става на второ место по продажба во Европа, по Битлси и на четвртото место во светот.