Ерик Клептон продаде една од своите гитари за да му помогне на пријател
Британскиот пејач и гитарист Ерик Клептон на аукција продаде една од своите гитари за сума од 45.000 долари, за да му помогне на еден пријател да ги подмири сметките за лекување на неговата покојна сопруга, која почина од леукемија, соопшти аукциската куќа „Херитиџ Аукшан“ од Далас.
Гитарата „Фендер Стратокастер“ на аукција постигна двојно повисока цена од почетната.
Гитарата е изработена во 2014 година специјално за Клептон, кој на неа свирел на концертите во текот на годината.
Купувачот побарал да остане анонимен.
Приходите од продажбата се наменети за подмирување на сметките за лекување на починатата сопруга на пријателот на Клептон, Џони Николас од групата „Аслип ат д вил“l. Сопругата на Николас се лекуваше од леукепија, но ја загуби битката со болеста.
Извор: Локално.мк