„Така случајно“ авторска песна на бендот “RePlay“
Новата песна ,,Така случајно’’ на „Риплеј“ е создадена од спојот на звуците на гитара и саксофон кои ја откриваат милозвучноста и по малку заводливата страна на македонската поп-музикa. Песната е со брзи елементи и невообичаена. Композицијата со сигурност ќе се допадне и пробие меѓу слушателите на македонската музика и ќе стане дел од секојдневието.
Бендот “RePlay” ја промовираат својата прва авторска песна, која со сигурност ќе освои добар дел од вашите срца. Во соработка со секогаш оригиналниот Бојан Трајковски (Eye Cue) и ,,Inovativa group’’ направија композиција што ќе остави траен белег на македонската музичка сцена.
Бидете подготвени да го слушнете ова уметничко дело…
Отворете го овој линк https://www.youtube.com/watch?v=k7bxpEVxvf4 и уживајте!
„Кожувчанка“ веќе препозна талент и ентузијазам за творештво во „Риплеј“ па затоа одлучи да ги помогне и во исто време да ги поттикне во создавањето на нивните нови домашни музички хитови.
Инаку кога „Риплеј“, кои прераснуваат во ,,познат бенд” на музичката естрада ќе ги прашате да кажат нешто повеќе за себе тие изминатава година велеа „Ние сме релативно млад бенд“. Но,двајцата млади талентирани момчиња кои ги споија саксот и гитарата оставија траг ширум Македонија. Станува збор за вокалистот, а воедно и гитарист Никола Велиновски од Македонска Каменица како и саксафонистот Столе Коцев од Струмица.
„Риплеј“ неодамна го прослави својот втор роденден. За досегашниот ангажман и труд информирајте се од нивната официјално фан страна.
Ние накратко, како дел од преработка односно, ковери на „РИПЛЕЈ“ ги издвојуваме „Кад Ходаш“ – Бора Чорба, „Кучето мое„ – Студени нозе како и познатата „Туѓа си бескрајно“ – Ефто Пупиновски. Имено, овие песни се дел од репертоарот на РИПЛЕЈ кои ги пејат и со кои ги забавуваат фановите во локалите низ Македонија.
Во овој контекст мора да напоменеме дека бендот покрај Никола и Столе , знае да се појави со повеќе членови. Од еден крај до друг, од исток па до запад во Македонија, „РИПЛЕЈ“ станува речиси главна тема на ноќните локали. Со својот континуиран труд , чекорот до успех е неизбежен за бендот.
Нивното мото е „Never stop!“ Точно, забележително „РИПЛЕЈ“ често изненадува со нешто ново и привлечно па затоа наскоро се очекува уште една песна,преработка, која ќе не врати во 90-тите години./А.Д