Бијонсе ја тужат за хитот Formation
Бијонсе се соочува со тужба за 20 милиони долари во врска со обвинувањата дека незаконски користела текстови на починатиот рапер во видеото кон хит песната Formation.
На почетокот на видеото се слуша гласот на раперот Меси Миа, кој вели “Што се случи по Њу Орлеанс?” ( “What happened after New Orleans?”).
Уште неколку други реченици од изведувачот, чие вистинско име е Ентони Бери може да се слушнат за време на песната. Сега неговите наследници тврдат дека овие негови зборови од песната од 2010 година A 27 Piece Huh? се користат незаконски и без дозвола.
Според информација на онлајн изданието TMZ претставниците на Меси Миа се обиделе да се поврзат со претставници на Бијонсе, но без успех. Од оваа причина, семејството на раперот ја тужи Бијонсе и бара 20 милиони долари за хонорари и други компензации.