Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Познатиот српски турбо-фолк пејач Синан Сакиќ почина утрово во Белград, по битката со тешка болест на црниот дроб.

Тој лани имаше операција за вградување стентови во жолчните канали, но редовните прегледи востановија дека тоа не е трајно решение и мораше да се изврши трансплантација на црн дроб. Пред неколку дена беше префрлен во Падова, Италија, заради трансплантацијата, но за жал, битката со опаката болест е изгубена.

Синан Сакиќ е роден на 13 октомври 1956 година. Пејачката кариера ја почна  во 1978 година со песнните „Растанак крај реке” и „Срели смо се много касно”. До 2017 година тој издаде 29 музички албуми.

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново