Слушајте ја – песна против стрес и анксиозност (ВИДЕО)
20.07.2020
Британскиот бенд Marconi Union во соработка со невронаучниците направи песна која ги ослободува луѓето од стрес и вознемиреност. Пред шест години, тие вклучија пијано, гитара и електронски матрици на звуци од природата, и со тоа добија смирувачка песна.
Нивната цел беше да го намалат крвниот притисок, нивото на хормонот на стрес и да ги смират силните отчукувања на срцето, а дека тоа и го постигнале потврдила и една студија од меѓународната организација „Миндлаб“ – дури 65 проценти од испитаниците имаат намалено ниво на вознемиреност, пренесува Inc.com.
Сепак, песната „Weightless“ има една маана. На испитаниците им биле доделени различни задачи за да го видат влијанието на песната во разни активности, а по резултатите, научниците тврдат дека е толку смирено што е опасно да се слуша тоа додека возите!
{vembed Y=2JNM-xPZXgI}
Оваа песна е слушана повеќе од 55 милиони пати на Јутјуб.
Извор: Vecernji.hr