Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

TinaTarner fin

16.09.2020

Откако трагично го загуби својот син пред две години и се пензионираше, поп ѕвездата се повлече од музиката. Сега со ремиксот на хитот „What’s Love Got To Do With It“ и соработката со млад диџеј, ќе се обиде повторно да ја фасцинира публиката.

Норвешкиот продуцент и диџеј Кајго (28) направи ремикс на нејзиниот хит, кој за прв пат беше објавен во 1984 година.

Тој ја објави оваа вест на својот Инстаграм профил, со фотографија на која позира со славната пејачка.

„Се уште не можам да верувам дека ја остварив оваа соработка со Тина Тарнер и дека сите ќе можат да ја слушнат во петок песната. „What’s Love Got To Do With It“ е една од моите омилени композиции на сите времиња и изгледа нереално што имам можност да соработувам со таков легендарен уметник “, открива Кајго.

Младиот диџеј влезе во музичката историја минатата година, откако направи ремикс на песната на Витни Хјустон „Higher Love“, со која таа постхумно влезе во „Billboard Hot 100“.

Да се потсетиме на хитот на Тина тарнер, „What’s Love Got To Do With It“, од 84-та година.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново