Слаткаристика, на социјалните мрежи го промовираше новиот видео запис и сингл насловен како “Тик-Так“. Гостин на истата e најпопуларниот, истакнат артист и автор од соседна Бугарија, Криско кој за прв пат соработува со наш, Македонски артист.

Неколку дена откако ги натера фановите да ја чекаат четири часа во дождот за концертотво Мелбурн, Кралицата на попот Мадона повторно задоцни за свое шоу во Австралија, овој пат во Бризбејн, пренесоа американските медиуми.

Новата година на „Дубиоза колектив“ им носи сериозни глобални успеси, судејќи по реакциите на бројните фестивалски агенти собрани сите на неодамна одржаниот музички фестивал „Еуросоник Нордерслаг“ (Eurosonic Noorderslag) во Гронинген, Холандија. Според гласањата на промоторите, здружени преку програмите „ЕТЕП“ (Европска програма за рамена на талени – European Talent Exchange Programme) и „Јуроп“ (Yourope), најмногу гласови и позитивни критики доби токму „Дубиоза колектив“.

Во недела на 24.01. во 12 часот во спомен куќата „Тодор Проески“ во Крушево ќе биде промовирана необјавената песна на Тоше Проески, информираат од неговиот Фан клуб, а информацијата е добиена од семејството Проески.

Денеска, кога нашата најсакана ѕвезда Тоше Проески ќе наполнеше 35 години, многу од неговите пријатели и соработници не пропуштија да му оддат почит на прерано починатиот македонски пејач и кантавтор.

По повод роденденот на Тоше Проески, водителот и радио ветеран Драган Б. Костиќ подготви специјална емисија која ќе се емитува денеска на 15 радио станици низ Македонија.

Поврзани вести

 

Најново