Мачките гледаат работи кои луѓето не можат да ги видат
Најновите истражувања потврдија дека мачките можат да видат работи кои ние луѓето не можеме. Тие можат да детектираат ултравиолетова светлина која на човечкото око е невидлива.
Дали некогаш сте се запрашале зошто мачките или кучињата извршуваат нужда каде тоа го направилe и други миленици? Тоа е затоа што тие ги гледаат трагите од урина на другите животни. Секогаш мислевме дека тие тоа го чувствуваат со сетилото за мирис но научно е докажано дека тие тоа го гледаат како и многу други ситни работи кои луѓето не ги гледаат.
Тие можат да видат бело животно во снег додека луѓето тоа не можат. Ние тоа го гледаме само како мала дамка и не знаеме дека тоа е животно.
Мачките подобро гледаат во марк и кога светлото е пригушено. Кога ќе го прочитате овој текст повеќе никогаш нема да се запрашате зошто на вашата мачка и е интересно такво обично парче хартија. Тие на неа гледаат ситни траги кои човечкото око не може да ги забележи.