Пингвин препливува по 8000 км секоја година за да го посети човекот што му го спасил животот
Жоао Периера де Соуза (71) од Бразил уште во 2011 година, на плажа пронашол ранет пингвинпрекриен со нафта. Старецот го спасил и го негувал пингвинот сè додека целосно не закрепнал. Тој му дал и име на пингвинот – Диндим.
Само отстранувањето на нафтата од пингвинот траело една недела. На крајот, кога конечно закрепнал, Жоао го вратил пингвинот во океанот, сигурен дека повеќе нема да го види, пишува „Дејли мејл“.
Затоа, многу се изненадил кога пингвинот се вратил само неколку месеци подоцна, го препознал старецот и го следел до дома.
Сега пингвинот минува осум месеци годишно со човекот којшто го спасил, а останатите четири месеци, за време на сезоната на парење, на бреговите на Аргентина и Чиле.
Птицата така препливува над 8.000 км секој пат кога му се враќа на својот спасител, а доказ дека постои посебна врска помеѓу пингвинот и човекот е дека животното на никој друг не му дозволува да го гали ниту допира туку веднаш се брани и ги напаѓа со клунот.
На Жоао му дозволува да го гали, му лежи в скут, му дозволува да го тушира и да го храни.
Биологот Жоао Пауло Крајевски вели дека никогаш не видел таква поврзаност помеѓу пингвин и човек.
Кога ќе го види, мавта со опашката како куче и испушта звуци во знак на радост.
Извор: Плусинфо.мк