Холандија става катанец на затворите, нема кого да казнува
Холандија во 2013 година ставила катанец на 19 затвори, бидејќи оваа земја нема доволно криминалци да ги наполни. Сега иста судбина ги чека уште пет казнено-поправни установи.
Иако со овој потег 2.000 луѓе ќе останат без работа, од кои само 700 се распоредени на други работни места, трендот на гаснењето на затворите го следи постојаниот пад на извршени кривични дела уште од 2004 година
Според толкувањето на тамошните стручњаци, постојат многу фактори кои влијаеле на таквиот тренд, помеѓу останатите, потолерантните закони поврзани со употребата на наркотиците, фокусот на рехабилитацијата, наместо на казна и форсирање на носење на електронски нараквици, со цел луѓето повторно да може да влезат во системот.
Студијата објавена во 2008 година покажала дека електронските нараквици го намалиле бројот на оние кои му се вратиле на криминалот за половина во однос на традиционалното казнување. Наместо осудените да го поминуваат времето во затворската ќелија и да јадат храна на сметка на даночните обврзници, тие добиваат шанса повторно да добијат работа и да придонесат нешто во општеството.
Така во Холандија која има 17 милиони жители, постојат само 11.600 затвореници.
Извор: Плусинфо.мк