Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Профилите на богатите тинејџери кои се натпреваруваат кој на подобар начин ќе се пофали со своите пари, приватни авиони, златни автомобили и егзотични миленици, ги доведоа до неволји.

Потолно, до проблеми ги доведоа изворите на нивното богатство – нивните родители.

Полицијата многу често ги користи социјалните мрежи со цел да истражи случаи на финансиски измами, а увидот во профилите на децата на обвинетите богаташи е многу корисен, пишува лондонски „Гардијан“.

Таја, еден родител тврдел дека нема вреден имот, но на социјалните мрежи неговиот син се пофалил со јахта вредна 25 милиони долари која плови на Бахамите.

Исто така, запленет е и приватен авион на еден богаташ, откако неговиот син објавил фотографија од имотот на Инстаграм.

Фалбите на богатите деца се корисни и во случаите на развод. Така, откако тврдел дека не може да и исплати на сопругата 30 милиони долари, благодарејќи на фотографиите на Инстаграм, истражителите откриле дека сопругот има имот кој вреди двојно повеќе.

Извор: Локално.мк

 

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново