Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Британецот Џек Рејнолдс (104) е впишан во Гинисовата книга на рекорди како најстара личност на светот која направила тетоважа по првпат.

Рејнолдс на својот роденден на 6 април одлучил да направи тетоважа на десното рамо „Џеко 1912/06/04“ (прекарот и датата на раѓање). Неговата 56-годишна ќерка Џејн Гудвин изјавила дека нејзиниот татко најпрво се шегувал дека сака да направи тетоважа пред навистина тоа да го спроведе во дело.

Џек инаку има осум внуци и 21 правнук.

- Моите внуци мислат дека сум луд. Јас, всушност, сите овие години сум луд - се пошегувал Џек кој на тетовирањето дошол во придружба на својот 35-годишен внук.

Извор: Плусинфо.мк

 

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново