Славните мајки промовираат нов тренд – брелфи
Познатите мајки покренаа нов тренд на социјалните мрежи. Темата којашто секогаш покренува жестоки дебати, доење во јавноста, повторно дојде во центарот на вниманието. Имено, сè повеќе славни мајки се фотографираат додека дојат, а потоа тие фотографии ги објавуваат на Инстаграм и Фејсбук. Овој облик на селфи го нарекоа – брелфи (brelfie).
Дали доењето е нешто што треба да го правите далеку од очите на јавноста или не треба да срамувате? Во секој случај славните мајки од тоа ниту најмалку не се срамат. Повеќето истакнуваат дека само ги хранат своите деца и дека немаат од што да се срамат.
Жизел Бундшен, Каролина Куркова, Аланис, Морисет, Миранда Кер, Алиша Милано, Гвен Стефани се само некои од мајките кои на своите профили објавуваат фотографии од доење. Богаташката Тамара Еклстон е многу гласна следбеничка на доењето генерално, па така и во јавноста. Таа својата двегодишна ќерка секогаш ја дои и тоа често гордо го истакнува.
Извор: Плусинфо.мк